Се намалува бројот на новорегистрираните фирми, затоа што се полни таканаречената црна листа на фирми, на чиишто управители им е забрането да вршат дејност поради откриени незаконски состојби во веќе постојни фирми. Додека, според Централниот регистар, на црната листа на крајот на септември имало околу 25.000 физички лица, носители на дејност или на некој начин вклучени во сопственичката структура на одредена фирма, заклучно со завчера нивната бројка скокнала на 31.400. А, ако на крајот на септември биле забележани 18.000 правни лица што имале забрана за отворање нови компании се' додека не ја средат состојбата во своите претходно регистрирани фирми, нивната бројка пред два дена изнесуваше 23.600. Всушност, станува збор за листа на управители и на правни субјекти кои со несовесно работење ги однеле фирмите во стечај или ги довеле до состојба на блокирани сметки.
Се намалува бројот на новорегистрираните фирми, затоа што се полни таканаречената црна листа на фирми, на чиишто управители им е забрането да вршат дејност поради откриени незаконски состојби во веќе постојни фирми.
Додека, според Централниот регистар, на црната листа на крајот на септември имало околу 25.000 физички лица, носители на дејност или на некој начин вклучени во сопственичката структура на одредена фирма, заклучно со завчера нивната бројка скокнала на 31.400. А, ако на крајот на септември биле забележани 18.000 правни лица што имале забрана за отворање нови компании се' додека не ја средат состојбата во своите претходно регистрирани фирми, нивната бројка пред два дена изнесуваше 23.600. Всушност, станува збор за листа на управители и на правни субјекти кои со несовесно работење ги однеле фирмите во стечај или ги довеле до состојба на блокирани сметки.
Од Централниот регистар посочуваат дека никогаш не може прецизно да се каже колкава е црната листа, затоа што состојбите се менуваат на дневно ниво. Секој ден некоја фирма или оди во стечај или се блокира од разни причини или, пак, си ги плаќа казните, па веќе не фигурира на листата, што значи дека оваа ситуација не е статична.
„Црната листа која почна да ја води Централниот регистар од февруари годинава, ги направи македонските бизнисмени многу повнимателни при отворањето или затворањето на фирмите. Од почетокот на годинава, заклучно со 31 октомври, регистрирани се 5.100 нови трговски друштва, што е за 700 помалку во споредба со истиот период лани. Истовремено, од листата на Регистарот се избришани 2.300 фирми од разни причини. Ова е најмногу резултат на црните листи. Системот е така поставен што не им дозволува на субјектите да основаат нова фирма со исти податоци и со исто име. Тоа веќе нема шанси. Црните листи очигледно ги дисциплинираат бизнисмените и веќе станува се' пореална сликата на домашниот бизнис-пазар,“ вели Ванчо Костадиновски, директорот на Централниот регистар, додавајќи дека, сепак, соодносот на основање фирми е во корист на новите, односно на две основани има една избришана.
Инаку, Регистарот ја почна акцијата со „црните листи“, со цел јавно да се објавуваат листите на имиња на фирми и на сопственици за кои е утврдено дека работат криминално, ги отвораат или ги затвораат фирмите поради лична корист, ги блокираат сметките, прават разни други шпекулации или, пак, биле осудени за економски криминал. Целта на воведувањето на „црните листи“ беше да се исчисти економскиот простор во државата од овие чести појави. Повеќето од бизнисмените и самите ја бараа оваа мерка и оценија дека овие информации од Регистарот им се од особена корист, најмногу при склучувањето зделки со некоја нова, непозната фирма. Ним им е неопходно потребно да знаат дали си имаат работа со лице кое, на пример, било сопственик на десетина фирми што се затворени и отворени по неколку пати, или, пак, дали за одредена компанија се води стечајна или судска постапка и слично.
Ставањето на црна листа се врши по три основи, по основа на блокирани сметки, поради кривично дело и судска пресуда и третата основа е поради отворена стечајна постапка.